Големи демонстрации поради панамските сметки на премиерот

0
1040

Протест каков што со години не виделе жителите на Рејкјавик се одржува во главниот град на Исланд каде илјадници луѓе излегоа на улиците, барајќи оставка од премиерот Сигмундур Давид Гунлаугсон, откако неговото име се појави во списокот на државници и светски богаташи во т.н. Панамски документи, пишува Телеграф.

Премиерот на Исланд Сигмундур Давид Гунлаугсон изјави дека нема да поднесе оставка откако во Панамските документи беше објавено дека има банкарски сметки во земјите – даночни раеви.

– Не сум помислил да дадам оставка поради тоа и нема да поднесам оставка – истакна Гунлаугсон.

На списокот на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, кој на основ на досиеа кои поротекоа од панамската фирма “Mosak Fonseka” спроведе истрага за офшор работењето на светската елита се најде и премиерот на исланд. За премиеорт на Исланд се наведува дека во 2007 година на Британските девствени острови основал офшор компанијата “Wintris”, заради сокривање на неколку милиони долара во текот на финсиската криза на Исланд.
Опозицијата во Исланд вече побара гласање на недоверба во парламентот кое веројатно ќе биде одржано уште неделава.

Повеќе од 16.000 граѓани, веќе ја имаат потпишано петицијата со која се бара оставка од премиерот, а најавени се и протести пред зградата на Владата.
Гунлогсон ги отфрли сите тврдења од панамските документи, нарекувајќи ги лов на вештерки против него и неговата сопруга.
“Gardian” објави дека премиерот на Исланд Гунлогсон се јавува како ко-сопственик на офшор фирмата “Wintris Inc” која, пак, е сопственик на акции вредни 4 милијарди долари во три банки на Исланд, кој колабираа во текот на финансиската криза во 2008 година.

Денес во јавноста се појави видео во кое тој за време на интервју кое го дал во март за шведската телевизија SVT на прашање на новинарот дали е сопственик на офшор фирми нервозно станува и си заминува од интервјуто.”Ме прашувате глупости. Ме измамивте и ме убедивте на ова интервју со сосема лажни намери”, одговара Гунлогсон на новинарот и го напушта интервјуто.

Без коментари

LEAVE A REPLY