Големи поплави во Албанија, двајца исчезнати

0
379

Во Албанија големи поплави, а за две лица има сомнежи дека се исчезнати.

Албанските власти соопштија дека неколку села се целосно поплавени, додека поплави има и во повеќе поголеми градови од земјата.

Автопатот Тирана – Драч е поплавен целосно, додека, пак, повеќе од пет часа бродовите коишто пловат од Драч кон Италија не можеа воопшто да испловат од драчкото пристаниште

Во албанската престолнина Тирана неколку населби се целосно поплавени, а најтешка е состојбата во населбата Баторе .

Од силниот ветер и дожд оштетени се повеќе автомобили во градовите ширум земјата.

Големи одрони од земја и камен се регистрирани и на патниот правец Тирана – Бурел, кој го користат оние што патуваат и кон граничнииот премин Блато на македонско–албанската граница./крај/мф/мн