Големи протести во Приштина против договорот со Србија, уапсен Албин Курти

0
324

Илјадници луѓе се собраа во саботата во Приштина на протестите против договорот за нормализација на односите со Србија, постигнат под покровителство на Европската унија, барајќи од владата да се откаже од него, а уапсен е Албин Курти, поранешниот челник на опозициското движење Самоопределување.

Протестите ги организираше опозицијата, која се противи особено на делот од договорот со кој е предвидено воспоставување на Заедницата на српските општини на Косово, што го смета за давање автономија за Србите кои се малцинство во поранешната српска јужна покраина, но не го сакаат ниту пограничниот договор со Црна Гора, бидејќи сметаат дека со тоа Косово ќе загуби дел од територијата.

Припадниците на косовската полиција упаднаа во седиштето на опозициското движење Самоопределување (Vetevendosje), чии пратеници речиси цел месец ја блокираат работата на парламентот со фрлање солзавец спротиставувајќи се на договорот со Србија, а покрај тоа собраа и петиција потпишана од повеќе од 200.000 граѓани. Во седиштето на движењето беше најден поранешниот водач Албин Курти, кој таму се упати откако одржа говор на протесниот собир, и го уапсиле заедно со уште неколку лица.

Седиштето на движењето е опколено од полицијата, поради што повремено избувнуваат судири со приврзаниците на движењето кои се излезени на улиците на Приштина. Блокирани се, исто така, и улиците околу седиштето на Самоопределување, и неколку стотици полицајци не дозволуваат пристап никому, но засега нема поголеми судири./крај/мф/мн

Без коментари

LEAVE A REPLY