Големи штети од силниот земјотрес во Егејско море

0
877

Моќен земјотрес со магнитуда од 6,7 степени по Рухтер во петокот утрото ги погоди подрачјето близу главните туристички дестинации во Грција и во Турција на Егејското Море, при што досега се пријавени две жртви, а повредени се повеќе лица, јавуваат властите во двете земји.

Силниот земјотрес е најсилно почувствуван во областа на турското одморалиште Бодрум и грчкиот остров Кос.

Според американската Геолошка служба (USGS), магнитудата на потресот изнесувала 6,7 стпени по Рихтер. Епицентарот се наоѓал на 10,3 километри од турскиот град Бодрум и 16,2 километри од грчкиот остров Кос, на длабочина од десетина километри.

По првиот удар во регионот се регистрирани неколку афтершокови, од кои најсилниот имал магнитуда од 5,1 степени по Рихтер, објави Европскиот средоземноморски сеизмолошки институт (EMSC). Сеизмолозите, исто така, јавија за појава на мало цунами во Егејското Море, но турските медиуми објавија дека имало само поголеми бранови.

Според првичните сознанија, на островот Кос загинале две лица, а уште 120 се повредени. Пкрај тоа, на овој грчки остров се урнале неколку стари зданија. Во зејотресот оштетени се и старата твдина и минаретот на локалната џамија.

Во турски Бодрум медицинска помош побарале околу 70 луѓе. Телевизијата NTV јави дека станува збор главно за скршеници здобиени при паничното напуштање на објектите.

Овој земјотрес, кој се случи околу 1,30 часот по локално време, е вториот по ред во поширокиот регион, кој оваа година веќе почувствува потрес со магнитуда 6, што е степен кој може да предизвика значителни материјални штети.

Грчките власти ставија на располагање хеликоптери за да ги пренесат повредените на поголемиот остров Родос, за да им биде прижена лекарска помош, изјави првиот човек на јужноегејскиот регион Јоргос Хаџимарку. „Нашата главна грижа сега е да се спасат човечките животи“, изјави за грчката државна телевизија ERT.

Според извештајот на полицијата се урнал таванот на едно кафуле во Кос, а според крајбрежната стража оштетено е докот за пристанување во островското пристаниште, кое се наоѓа во близна на појас со барови и ресторани, поради што патничките траекти нема да можат да пристануваат.

Без коментари