Големите борачи од Балканот и Европа стигнаа во Битола

0
5494

Денес попладне во 17 часот  во ноќниот клуб Расчекор започна официјалното мерење на борците и нивно акредитирање за големиот Европски турнир на ММА кој што ќе се одржи в сабота во спортската сала Младост во Битола.

15310416_1279519262093673_125140729_n

Утре за прв пат во Македонија, во Битола, ќе се одржи Европско првенство во мешани боречки вештини.Ќе се натпреваруват 22 ца учесници од повеќе земји од Европа, како Србија, Црна Гора, Бугарија, Романија, Шведска, Молдавија ,  меѓу нив 6 мина Македонци, од кои 4 ца битолчани, еден од Велес и еден од Струга. Натпреварите ќе траат цел ден, до 1 часот по полноќ, а поделени се во два дела. Првите борби за Аматерското Европско првенство почнувааат во 11 часот а ќе траат до 18 чсот , а вечерта со почеток од 19.30 почнува Професионалната гала вечер.Борбите ќе бидат во кафез.

15319396_1279519158760350_2022923280_n

Битолчанецот Ристо Димитров – Чуринот ќе се натпреварува за титулата Европски професионален првак за појас.

15320325_1279523842093215_1471678387_n

Медиумски покровител на настанот е ТЕРА ТВ

 

15310388_1279519162093683_195930815_n

15281077_1279523808759885_1501801868_n

15319421_1279519275427005_1143480757_n

15311494_1279523892093210_1292305076_o