Големо невреме во Истанбул

0
569

Повеќе од три лица се повредени во невремето што вчера го погоди турскиот град Истанбул.

Обилните дождови ги поплавија улиците и предизвикаа проблеми во движењето. Забележани се паднати дрвја.

Надојдената вода носеше автомобили по улиците, предизвика прекин на градскиот сообраќај, како и откажување на летови на Меѓународниот аеродром „Ататурк“. Запрен беше и поморскиот сообраќај, а некои жители на градот со гумени чамци пловеа по поплавените булевари.

Невремето предизвикала и материјална штета. При експлозија во пристаништето е повреден еден човек. Кран паднал врз нафтени склад и предизвикал пожар, кој подоцна е локализиран.

Без коментари