Големо прегрупирање во акционерската структура на ТТК Банка

0
1296

Преку девет трансакции во класично тргување во средата беа истргувани дури 16,035 отсто од основната главнина на ТТК Банка Скопје.
Вкупно се истргуваа 145.584 акции по просечна цена од 453 денари, што претставува пад на вредноста на акцијата од 13,88 отсто во однос на претходната референтна цена. Спoред последните податоци од Централниот депозитар за хартии од вредност на 09.11.2015, како акционери над 5 проценти во ТТК банка се појавуваат: Тетекс со 43,52 и ЕБРД со 16,04 отсто.

Тргувањето со „Макпетрол“ повторно се одвивише слично како и претходниот ден. Со само една акција истргувана по цена од 17.050,00 денари, МПТ забележа пад на својата вредност од 1,45 отсто. На спротивната страна се најде неликвидната акција на друштвото „Атом“ од Скопје, каде со реализирани 10 акции по цена од 1.500,00 денари, имаше раст на просечната цена од 360,12 отсто.

Интересно беше и тргувањето со акцијата на „Бетон“ Скопје каде во една трансакција се истргуваа 4 акции по цена од 6.850,00 денари, што значеше раст од 15,07 отсто во однос на последната цена.

Индексот МБИ10 по 5 последователни денови пад, денес заврши во позитива од 0,52 отсто и вредност од 1.720,17 индексни поени, додека индексот ОМБ ја намали својата вредност за 0,15 отсто и изнесува 126,75 индескни поени./крај/мф/кп