Големо признание за битолската Плодност

0
21329

На денот на здравјето Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи во Република Македонија им го додели сертификатот за акредитација од 5 години на Болница Плодност. Болница Плодност е првата приватна болница која што ја добива оваа акредитација

-Овај сертификат има значење дека Болницата работи по европски стандарди и критериуми, со добро формулирани процедури за кои е јасно дека се зачувува безбеднoста на пациентите и зборува за една сериозност кон пристапот кон пациентотот, изјави проф.д-р Елизабета Зисовска , директор на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи во Р.Македонија

Оваа призние е потврда за квалитетот кој оваа здравствена установа го нуди при обезбедување на сеопфатна грижа за сите гинеколошко-акушерски проблеми, ИВФ, анестезиолошки услуги, дијагностички, биохемиски и радиолошки услуги, породување, пре и постнатална нега и грижа за новороденото, потенцираше доктор Трпчевски.

-Чувствувам чест и задоволство што ни е доделен овај сертификат токму на Денот на здравјето. За нас ова признание значи признание за примена на ефикасна здравствена заштита на нашите пациенти, признание за примена на најсовремена медицинска технологија. Овај сертификат претставува доказ за имплементацијата на здравствените услуги, за безбедноста на пациентите, и воедно за грижата на пациентите на ниво на светски стандарди. Овај сертификат претставува и обврска за нас и понатаму да продолжиме да им обезбедуваме квалитетно здравство на граѓаните, изјави Д-р.Таше Трпчевски, Суб.специјалист гинеколог акушер во Болница Плодност

Во изминатите 5 години во Болница Плодност биле направени над 4 илјади операции, повеќе од 30 илјади успешни интервенции, може да се пофали, како што рече Д-р. Трпчевски со највисок процент на бременост во државата, и со породени над 1100 живи и здрави бебиња од ин-витро оплодување.

Досега Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи во Република Македонија, има акредитирано 7 болници во државава, а Болница Плодност е првата приватна болница која што добива акредитација за 5 години.