Големо враќање на Ривер Плата: Финале на Копа Либертадорес по 19 години

0
372

Ривер Плата избори пласман во финалето на Копа Либертадорес, откако во полуфиналниот двомеч го елиминираше парагвајскиот Гуиарани. Ривер по првиот натпревар одигран на „Монументал“ во Буенос Аирес стекна предност од 2:0, која успеа да ја одбрани во реваншот во Парагвај. Возвратниот дуел заврши со резултат 1:1, Фернандез во 61.минута погоди за домаќинот, а конечниот резултат го постави Аларио во 79.минута. Противник на Ривер Плата во финалето ќе биде подобриот од полуфиналниот двомеч помеѓу Интернасионал (Бразил) и УНАМ Пумас (Мексико). По првиот меч Бразилците имаат предност од 2:1, а возвратниот дуел во Мексико ќе се одигра во среда.