Големо загадување во Битола

0
1523

Во Битола синоќа најголема загаденост на воздухот со аерозагадување од 919 микрограми ПМ10 честички на метар кубен или 18 пати над максимално дозволеното. Утрово пак за Тетово се најалармантни податоци за загадувањето каде во 9 часот се измерени 516 микрограми или десетпати повеќе од дозволеното, а во текот на ноќта максималното ниво изнесувало 833, пишува на страницата на која се објавуваат податоците за загаденост. Во скопскиот регион, Битола, Кичево и Кочани пак утрово се регистрирани високи концентрации на ПМ10 честички, кои се движат од 100 до 300 микгрограми на метар кубен.

Во 11 часот состојбата со загадувањето на воздухот малку се нормализира што се однесува барем за мерењата од мерната станица Битола 1 која што се наоѓа во индустрискиот дел на градот. Истата покажуваше средно загадување со ПМ10 честички, а состојбата од мерната станица Битола 2 која што се наоѓа во центарот на градот покажуваше повторно високо загадување .

По се изгледа дека Македонски граѓани синоќа и утрово дишеа воздух кој беше десетпати позагаден од максимално дозволеното количество на ПМ1о честички.Синоќа исто како Битолчани и тетовчани дишеа 16 пати над дозволеното загаден воздух каде околу 19 часот беа измерени концентрации од 834 микрограми ПМ10 на метар кубен Во Скопје пак вообичаено, најголемо загадување синоќа измери мерната станица во Лисиче, од 566 микрограми ПМ10 на метар кубен. И утрово концентрациите на прашина во скопските општини се во црвената зона,односно аерозагадувањето е неколкупати повисоко од дозволеното.

Кога воздухот е екстремно загаден со прашина односно со ПМ10 честички, на граѓаните им се препорачува да не проветруваат, како и да не излегуваат надвор без посебна потреба.