Гомез донесе значајни три бода за Германија во Ц групата

0
416

Фудбалската репрезентација на Германија ја совлада Северна Ирска со 1-0 и го освои првото место во Ц групата. Северните Ирци се трети во оваа група, а втора е Полска којашто, исто така, со 1-0 славеше над Украина.

Германија првата фаза на Европското првенство ја заврши со седум бодови и без примен гол, исто како и Полска која е втора поради послабата гол разлика. Северна Ирска го освои третото место со три бода и гол разлика 2:2.

Северна Ирска, и покрај поразот, има големи шанси да игра во осминафиналето, бидејќи на табелата на третопласираните селекции го задржа второто место пред Албанија. Северна Ирска на оваа табела можат да ја престигнат Чешка, Португалија и Шведска.

Германија на „Паркот на Принцовите“ доминираше против дефанзивно ориентираната Северна Ирска, но од многуте шанси единствено Марио Гомез постигна гол по половина час игра.

Слично какои Германија, и Полска доминираше против Украина, но единствено Куба Блашчиковски во 54. минута успеа да постигне гол.