Горан Софески, поранешниот воен разузнавач пронајден мртов

0
749

Поранешниот воен разузнавач Горан Софески (44) утринава е најден мртов во чудни околности, јави порталот Плусинфо.

Синоќа, околу 17 часот, Софески бил пријавен за исчезнат во полициската станица во Кичево. Последен со него се слушнал неговиот татко. Утринава е пронајден од локални ловџии кои биле во потрага заедно со полицијата.

Софески беше поранешен шеф на военото разузнување кога беа откриени и многу афери, меѓу кои и онаа за шверцот со армиското оружје.

Од неодамна Софески бил прераспореден во Куманово, во касарната на АРМ и по казна бил по чин мајор.

Во тек е увидот на местото кеде што било пронајдено телото на Софески.