Горан Трајковски заминува, Кирил Миновски нов директор на УЈП

0
706

Кирил Миновски е новиот директор на УЈП, со што на Горан Трајковски целосно му престанува мандатот во УЈП, каде во последните неколку месеци ја извршува функцијата како в.д. директор.

Изборот на Миновски доаѓа откако во август, Владата распиша јавен оглас за нов директор на УЈП.

Кирил Миновски доаѓа од директорската позиција во Државниот пазарен инспекторат, а оваа одлука Владата ја донела на вчерашната седница.

Според владините изјави Владата ќе ја продолжи соработката со Трајковски, но на која функција ќе ја добие тој, засега не е одлучено.