Горат простории на Градежниот факултет во Скопје

0
313

Единиците на Територијалната противпожарна единици на Град Скопје се уште го гаснат пожарот што утринава избувна во зградата на Градежниот факултет во Скопје.

Според командатот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Ѕвонко Томевски огнот зафатил три простории на вториот кат од Градежниот факултет.

На самото место се наоѓаат пет противпожарни возила и возило на итната медициснка помош.

Нема повредени и причинета е само материјална штета.

Засега не се познати причините за пожарот.

novatv.mk