Ѓорческа експресно елиминирана на УС Опен

0
448

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го мине првото квалификациско коло на последнот Грен слем во сезоната, УС Опен.

Ѓорческа, која на ВТА листата се наоѓа на 222-то место на теренот мина 48 минути и успеа да освои само два гема (6-0, 6-2) против 17-годишната Американка Кетрин Бејлис.

Бејлис, 158-ма на светот е најмладата тенисерка која забележала победа во првото коло на турнирот, таа пред две години ја победи Доминика Цибулкова.

Ѓорческа во првиот сет не освои ниту еден гем, првиот сет го загуби за само 18 минути, а во вториот освои два гема.

Бејлис доколку сака да игра во главната фаза на турнирот ќе мора да мине уште две квалификациски рунди.