Ѓорчев ја одложи комисиската расправа поради отсуство на Јанева

0
256

Седицата на Комисијата за политички систем денеска повторно се одложи откко комисискиот претседател Владимир Ѓорчев констатираше дека не е присутен подносителот на Изветајот на СЈО, односно обвинителкaта Катица Јанева.

Шефицата на СЈО денеска не се појави во Собранието. Таа по вчерашниот маратонски притисок од страна на пратениците од власта демонстративно ја напушти седницата и порача дека тоа што и се праи е класичен мобинг. Јанева најави дека ќе се појави во Собрание само на пленарна седница.

Освен Извештајот на СЈО, точка за расправа на Комисијата е и Извештајот на државниот обвинител Марк Зврлевски, но тој никако да дојде на ред.