Ѓорчев прогласи победа за ВМРО-ДПМНЕ со 20.000 гласа разлика

0
773

СДСМ има, рече тој убедлива разлика во однос на ВМРО-ДПМНЕ во албанската средина.
Вечерва се случи 10-та по ред победа на ВМРО-ДПМНЕ. Резултатот покажува сè, покажува победа. Нашиот народ повторно победи. Разликата е 390.000 наспроти 370.000 гласови. Драги граѓани, сите сме свесни дека нашата коалиција од 25 партии не се бореше само против СДСМ и нивната коалиција, изјави Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

– Резулатот е 390.000 за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 370.000 гласа за СДСМ. Секоја победа е драгоцена, изјави вечерва Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, која излезе во јавност речиси три часа по затворањето на гласањето.

– Останавме на нозе. Имаме 20.000 повеќе гласови од СДСМ, но ќе имаме уште повеќе. Благодариме Македонијо – рече тој и му честиташе на СДСМ за победата во ИЕ 1.

– После девет победи, повторно ние победивме. Ова ни е 10. победа. Голема благодарност до сите коалициони партии и до граѓаните на Македонија – рече Ѓорчев.

СДСМ има, рече тој убедлива разлика во однос на ВМРО-ДПМНЕ во албанската средина.

– Во Кисела Вода убедливо победивме, исто и во Македонски Брод и во Сопиште, а во Сарај изгубивме пет спрема еден за СДСМ – рече Ѓорчев.
plusinfo.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY