Горештини низ цела Македонија

0
414

Како што започна денот, така ќе се одвива и во текот на целата седмица.

Дневните температури ќе се движат во интервал од 31 до 42 степени.

Максималната дневна температура ќе достигне 39 степени, додека УВ индексот ќе има вредност 10.

Во вторник ќе биде сончево и уште потопло. Утринските температури ќе се движат од 15 до 26 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 31 односно до 41 степен.

Во среда ќе биде сончево и многу топло. Попладне во северозападните и западните предели ќе има појава на локална облачност. Утринските температури од 14 до 25 степени, а максималните дневни ќе се движат од 30 до 40 степени.

Претежно сончево и многу топло во четврток. Во попладневните часови зголемување на облачноста во крајните западни предели, каде што постојат и услови за краткотрајни локални врнежи од дожд. Утринските температури ќе се движат од 14 до 25 степени, а пак максималните дневни ќе достигнат до 30 односно до 40 степени. УВ индекс 9.