Ѓоргиев: Асфалтирање на улиците во Мал Париз

0
2479

– Денеска се наоѓаме на ул. „Даме Груев“ која е само уште една потврда за недомаќинското работење на Дпмне. Цели 3 мандати, Талески воопшто не водеше сметка за ниту една споредн аулица а и оние главните, на кои нешто се работеше, веќе се уништени поради неквалитетнта изведба. Жителите на оваа улица 12 години добиваа само лажни ветувања и ништо повеќе. Им претстои долга зима која уште повеќе ќе им го отежни функционирањето со ваква стара и лоша инфраструктура.

Овој дел од градот е еден од нашите приоритети а покрај инфраструктурните решенија имаме и многу други битни проекти за Месната Заедница , Даме Груев, меѓу кои се: Нови тоалети кај Ат-пазар , Зголемување на зелените површини, Обнова на паркот Кајнак , Детски парк за добјектотна М.З, Реновирање на задниот двор на ОУ„ДамеГруев“ ,Реновирање и асфалтирање на дел од улиците во населба Мал Париз и Уредување на делот кај стариот објект на Маврово , изјави Зоран Ѓоргиев кандидат за советник

Без коментари