Гори најголемата џамија во Западна Европа

0
236

Изби пожар во најголемата џамија во Лондон, која се смета и за најголема во Западна Европа, јавуваат агенциите.

Околу 70 пожарникари се обидуваат да го изгасат пожарот во џамијата Бајтул Футух во јужниот дел од Лондон. Поголемиот дел од приземјето е зафатено од огнот, а пожарот се проширил и на првиот спрат. Улиците околу џамијата се блокирани.

Еден маж, на возраст од околу 40 години, е префрлен во болница поради вдишување големи количества чад.

Претставник на пожарникарската служба изјави дека на лице место се наоѓаат десет возила со околу 70 пожарникари.

„Можеме да кажеме дека станува збор за голем пожар“, кажа тој. „Сѐ уште е рано да се зборува за причините за пожарот“.

Џамијата Бајтул Футух беше завршена во 2003 година, а нејзината изградба чинеше, според извештаите, околу 5,5 милиони фунти.

 Таа се смета за најголема џамија во Западна Европа со капацитет да прими до 10.000 луѓе.
www.mkd.mk