Гори облакодер во Обединетите Арапски Емирати

0
294

Голем пожар изби во најмалку два облакодери во Аџман, во Обединетите Арапски Емирати, јавуваат локалните медиуми.

Галф њуз дејли на својот сајт објави дека пожар зафатаил најпрвин една зграда од 12 спрата а потоа се проширил на најмалку уште еден соседен облакодер.

Засега нема извештаи за евентуални жртви или повредени. Повикувајќи се на изјави на сведоци, Франс прес јавува дека пожарот се шири брзо поради силниот ветер.

Локалните медиуми известуваат дека жителите на зградите се евакуирани и дека пожарникарите се борат да го скротат пожарот.