Гори во Црна Гора: Мило побегнал, ултиматум за преодна влада до сабота?!

0
243

На Плоштадот на Републиката во Подгорица вечерва почна протест во организација на Демократски фронт, на кој се собраа неколку илјади граѓани.

Според медиумите во Подгорица, иако лидерите на политичката опозициска коалиција Демократски фронт (ДФ) не добиле дозвола за митингот, на плоштадот нема полиција.

fd555b87906bc5b812bfe2eb297e887d

Еден од лидерите на ДФ, Андрија Мандиќ, ја повика толпата да прошета по булеварот до зградата на Министерството за внатрешни работи, за мирно да го изрази своето незадоволство поради вчерашната полициска реакција, која ги прекина протестите на ДФ пред зградата на парламентот, кои траеја 21 ден.

f94c4e58f1903033981d66fe822e3c11

Мандиќ на собирот рече дека премиерот Мило Ѓукановиќ попладнето со авион ја напуштил земјата и побара од сите демонстранти да бидат мирни и да се однесуваат достоинствено.

Како што пренесе РТЦГ, народот тргнал од Плоштадот на Републиката кон Улицата на слободата.

Наводно бил фрлен солзавец, но масата не се разотидува, вели РТЦГ и додава дека насобраните граѓани извикуваат „Мило, убиец“ и „Готов е“.

crna_gora

ДФ и синоќа организираше собир во Подгорица, при што полицијата интервенираше откако насобраните граѓани ги скршија стаклата на неколку излози, фрлајќи камења, шишиња и солзавец кон полицијата. Потоа полицијата возврати со солзавец и гумени куршуми.

Полицијата соопшти дека синоќа спречила насилно влегување во зградата на парламентот.

Како што дознаваат српските медиуми, полицијата ширум Црна Гора одбива да ги изврши наередбите кои се однесуваат на репресијата кон граѓаните и мирните демонстранти. И покрај блокадите со кои полицијата го спречува народот да се пробие до Подгорива, полициските барикади ред по ред паѓаат, велат луѓето кои се јавуваат во редакцијата на српски Курир.