Горивата oд полноќ поскапуваат за половина денар

0
272

За половина денар ќе се зголеми цената на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинства од ноќеска на полноќ, одлучи на денешната седница Регулаторната комисија за енергетика.

Литар Еуросупер БС-95 ќе чини 63 денари, а  Еуросупер БС-98 ќе се продава за 65 денари. Новата цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 50,50 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинства 39 денари.  Зголемување од 1,795 денари има кај малопродажната цена на мазутот М-1 НС и за килограм од тој енегренс ќе се плаќа 21,883 денари.

Малопродажната цена на нафтените деривати во просек е зголемена за 2,06 проценти.