Горивата поевтинуваат за 1,5 денар

0
476

Бензините и дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати за 4,02, односно за 2,89 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66, на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 68, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 51, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 39,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,005 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 26,397 денари за килограм.