Горивата поевтинуваат за 3,5 денари по литар

0
421

Бензините и дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 3,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 14,35, односно за 8,83 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 57,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98ќе се продава за 59,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 39 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 4 денари за литар и ќе чини 27,5 денари.

Со одлуката на РКЕ за 2,467 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 12,857 денари за килограм.