Горивата поевтинуваат за денар

0
616

Цените на бензините и на дизел горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат за денар по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 изнесува 62, а Еуросуперот БС-98 ќе се продава за 64 денари за литар. Еуродизелот ќе чини 49,5 денари.