Горивата поевтинуваат за половина денар

0
338

Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,18, односно за 0,71 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 63 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 64,50, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 49,50, а  Екстра лесното масло за домаќинство за 38 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,169 деанри за килограм се зголемува малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 21,788 денари за килограм.