Горивата поевтинуваат за три денари

0
396

Од полноќ горивата поевтинуваат за три денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ).

Според oдлуката на Регулаторната комисија за енергетика новата цена на Еуросупер БС – 95  ќе биде 60 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 62 денари. Еуродизелот ќе се продава за 47 денари, а Екстра лесното масло за домаќинството 35,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС е намалува за  2,644 денари за килограм и ќе се продава по 21,947 денари за килограм.

Со одлуката на РКЕ се врши намалување на рафинериските и малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 10,20 проценти, односно за 6,60 проценти.