Гориво на „ИД“ на бензинските пумпи низ Бугарија?

0
516

Горивото кое го произведува Исламска држава наводно се продава на бензинските станици во Бугарија пишува бугарски Труд, повикувајќи се на извори во царинската управа.

Според тој медиум, таквите тврдења ги докажуваат руски и американски сателитски снимки доставени на Бугарија. Властите во таа земја користејќи ги снимките успеале да ја разоткријат илегалната рута на снабдевање со дизел и бензин низ бугарските пристаништа Варна и Бургас.

Покрај тоа, шверцуваното гориво пронајдено во Бугарија е една од бројните маршути на снабдевање на Исламска држава во Европската унија.

Весникот наведува дека електронскиот поморски систем на управување со сообраќај „забележал“ дека неколку цистерни се заприраат во седум турски пристаништа на Црното и Медитеранско море како би натовариле гориво пред да стигнат во пристаништето во Грција и Бугарија.

Во рамки на овие информации, бугарските сили за безбедност почнале масовен надзор на бензинските пумпи ширум земјава, наведува бугарски „труд“.

Според истиот извор, шверцуваното гориво е со релативно лош квалитет, отстапува од стандардот на ЕУ за 20 до 40 одсто кога се работи за бензин и 35 до 70 одсто за дизел гориво.

Исламска држава, која е забранета во Русија и многу други земји, контролира големи површини во нафтено богатата Сирија и Ирак. Кон крајот на 2015 година, руското Министертсво за одбрана изнело докази дека милитантните групи криумчарат огромни количини нафта преку сириско-турската граница.

Според рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин, Исламска држава незаконско изнесува гориво, пред се преку Турција, со што во просек дневно генерира приходи од околу 1,5 милиони долари.