Гошаревски за локалните избори

0
363

-Очекувам да се врати животот во Преспа и во Ресен, впрочем такво ни е и мотото. Денеска е Крстовден, почнува јаболкоберот на кој што за жал гледам многу натажени лица, кои поради долгогодишното невреме, кои поради владините локални политики. Земјоделците не добија награда за својот труд. Земјоделството во нашата општина е главната економска гранка. Ние како идна локална власт секогаш ќе бидеме на страната на овоштарите. Ќе се залагаме за законски измени во однос на откупот, да не бидат манипулирани повеќе овоштарите, ќе се залагаме за повисоки откупни цени, за нови пазари. Ќе се залагаме земјоделецот во иднина секогаш да биде горд на својот производ и среќен земјоделец, и среќни граѓани на Преспа, изјави Живко Гошаревски, кандидат за градоначалник на СДСМ и коалицијата за општина Ресен.

Без коментари