Госпел музиката за прв пат во Битола

0
1312

Што е Госпел музика? За прв пат имавме можност да слушнеме од „Хауард госпел-хорот” од Америка кој што е првиот академски хор од ваков вид во светот. Основан е во 1968 година, и е составен од сегашни и поранешни студенти на Хауард Универзитетот, како и од љубители на хорската музикаgospel 2

На нашиот репертоар се наоѓаат композиции од современата и од традиционалната американска госпел-музика, црковни химни, црнечка духовна музика и др. Во овие композиции најчесто се опфаќаат темите за Исус Христос и за христијанството“изјави Реј Брембли менаџер на хорот

goslep 3

Американското Катче со огромно задоволство Ве поканува на концертот вечерва на “HOWARD GOSPEL” ХОР (САД) кој што ќе се оддржи во Народниот Театар во Битола “, изјави Борка Талевска односи со јавност од Американската Амбасада

Хауард госпел-хорот“ активно настапува во Соединетите Американски Држави, но и надвор од нивните граници (Канада, Барбадос, Хрватска, Италија, Данска, Шведска, Украина и др.). При гостувањето во некои од овие земји, хорот одржува и работилници и мајсторски школи, на кои учесниците се информираат за госпел-музиката, но и воопшто за вокалното пеење.

На денешната нивна презентација бред битолчани членовите на хорот зборуваа за своето искуство со госпел музиката,но и воопшто за вокалното пеење.Ги запрашавме што најмногу им се допаѓа во нашиот град?

Реј дециден луѓето!

Настанот е дел од Битолско Културно лето