Гости од повеќе македонски градови и од странство за настапот на Џајковски и ТК.Вондер на Хајнекен Грин Бич Фестивал

0
507

Плажата Парк, на брегот на охридското езеро, беше местото каде викендов се одржа Хајнекен Грин Бич Фестивал , најдобрата забава за ова лето.
Втората вечер од овој фестивал на која атмосферата ја загреа Кирил Џајковски, слеа реки
луѓе на настанот број еден летово. Во само две недели,тој
успеа да ги потврди своите квалитети на двата најголеми настани во Македонија,оваа година – Хајнекен Грин Бич
Фестивал и Д Фестивал. Плажата Парк во Охрид, каде веќе 6-то лето се
одржува водечкиот електро денс настан во нашата земја,беше местото каде присуствуваа над 10.000 луѓе, меѓу кои беше забележителен бројот на туристи од целиот свет.

Неуморниот Кирил Џајковски, прекрасната ТК Вондер и австралијанецот ЕмСи Васп, го задржаа интензитетот од првата фестивалска ноќ и воодушевија на само ним својствен
начин. Од друга страна, посетителите на Хајнекен Грин Бич Фестивал максимално ја искористија можноста и го исцрпија целиот потенцијал на спектаклот.

Среќните лица на тие што присуствуваа, неизмерната позитивна енергија и бескрајното танцување во двата фестивалски дена, се вистинската вредност на 6-от Хајнекен Грин Бич Фестивал.

Пасворд Продакшн и Октопуси Ентертејмент истакнаа дека им претставува огромно задоволство што Хајнекен Грин
Бич Фестивал прерасна во еден од највозбудливите електро денс настани во регионот.
Граден по највисоките критериуми на планетарната денс елита, Хајнекен Грин Бич Фестивал, докажа дека е возможно во
Македонија да се случи журка која ќе се носи со најатрактивните подиуми во светот.
Супериорниот Хајнекен Грин Бич Фестивал, низ 6-те години од своето постоење, на македонската публика и на бројните воодушевени туристи на охридското крајбрежје им ги овозможи епските настапи на Армин Ван Бурен, Пол Ван Дајк, Карл Кокс, Џон Дигвид, Фери Корстен, Роџер Санчез и многу други клучни имиња во денс историјата.