Гости од цела Европа во Крушево

0
205

уризмот во Крушево е во постојан подем последниве години, а тоа го покажуваат и статистичките податоци.

Од одделението за локален економски развој во општина Крушево велат дека лани имало 19.605 домашни туристи, кои оствариле 46.522 ноќевања, а странски гости имало 2.703 во 2015 година и тие оствариле 11.302 ноќевања.

„Туристи најмногу има во летниот период, мај, јуни, јули, август месец, додека траат параглајдерските купови. Доаѓаат луѓе од секаде, буквално од цела Европа, Англичани, Финци, Словаци, а од Македонија претежно доаѓаат луѓето од поголемите градови. Во зима има туристи додека трае распустот за учениците. Во градот има 60 категоризирани објекти за сместување на туристи, приватно сместување со 594 легла. Има скокови и падови, но правиме напори да се развива оваа гранка“ – вели Коста Мицкоски, раководител на одделение за локален економски развој во општина Крушево.