Гости од збратимените градови дојдоа во Битола

0
367
SONY DSC

Гости од збратимените градови во Србија и Франција денеска ја посетија општина Битола. Со градоначалникот Талески се сретнаа делагацијата предводена од Марко Бастаќ претседател на збратимениот Стари град, Белград и делегацијата предводена од Жак Грасер од збратимениот град Епинал во Франција.

35 години како што доаѓам во Битола, а 10 ти пат го претставувам градот Епинал. Годинава е посебен настан бидејќи се навршуваат 100 години од битката за Битола, кога имаше луѓе и од Епинал на тоа време кои што беа вклучени во таа битка. Ние во Епинал подготвуваме и изложба за Битола, односно за присуството на француските војници овде во Битола и 100 годишнината од битката во Битола. За нас е уште поважно затоа што имаме размена помеѓу училиштата и младите, затоа што многу е важно младите да знаат што се случувало пред 100 години, бидејќи порано многу малку се знаеше за присуството на француските војници во Битола и во Македонија, изјави Жак Грасер од Епинал, Франција.

Општина Битола со градот Епинал е збратимена веќе 48 година, а во изминатиот период остварила соработка во повеќе области, меѓу кои најмногу во делот на размената на ученици и противпожарната заштита. Соработката со Стари град – Белград особено е изразена на културен план, а во изминатиот период веќе направени се некои размени во оваа област.

Општина Битола и Општина Стари град имаат соработка долга 11 година. Денес разговаравме за проекти кои во идниот период заеднички ќе ги реализираме најмногу во областа на културата. Се надевам во идниот период ќе воспоставиме уште поголема соработка“, изјави Бастиќ, претседател на збратимениот град Стари Град .

Градоначалникот Талески ја потврди досегашната голема соработка со градовите Епинал и Стари град, притоа изразувајќи надеж за нејзино негување и унапредување во понатамошниот период.