Гостинките пресилни, Шкипоња убедливо славеше во Битола

0
456

ЖРК Пелистер – Шкипоња 22:38 (11:21)

Спортска сала „Младост“ – Битола. Гледачи: 1000

Судии: Симоне Зендали и Стефано Риело (Италија)

Делегат: Радош Ракочевиќ (Црна Гора)

 

ЖРК Пелистер:

Шијаковска, Бошевска, Трковска 3, Секуловска 1, Жупан 2, Трајковска, Калевска,Спировска, Петлеска 4, Талевска 8, Ставревска, Јовевска 1, Станоевска 1, Митоска, Шундовска 2

Седмерци: 3/2

Исклучувања: 12 минути

 

Шкипоња:

Шедади, Бајрамај, Красничи, Туки, Чекај, Баша, Ибрахими 4, Бајрами 6, Ксаха 5, Келменди 6, Беба 12, Мехмети, Гоки, Малај 5, Кнуши

Седмерци: 4/3

Исклучувања: 10 минути

Ракометарките на ЖРК Пелистер скоро сигурно идната недела ќе бидат елиминирани од Челинџ Купот, откако во првиот меч од второто коло убедливо загубија од косовската екипа Шкипоња со 22:38 во Битола. По точно 20 години, Битола повторно виде европски натпревар во женски ракомет, но разликата во квалитет беше евидентна. Со шест засилувања од првакот на Косово, Кастриоти во последен момент, Шкипоња значително се засили и водена од гостиварчанката Беима Беба многу лесно мина во убедливо водство. Во поголем дел мечот личеше на дуел на сениорска против младинска екипа, бидејќи колку и да сакаат битолчанки кои се комплетно екипа составена од млади девојки, не можеа да парираат. Само одреден блесок мамеше аплаузи од гледалиштето. Реваншот се игра во Ѓаковица в сабота на 21 ноември во 18:00 часот.