Гостиварка можеби е меѓу настраданите во нападот во Минхен

0
1102

Гостиварка можеби е меѓу настраданите во вчерашниот терористички напад во трговскиот центар „Олимпија“ во Минхен, објавуваат косовските медиуми.

Мајката на девојката изјавила дека нејзината ќерка била во трговскиот центар за време на нападот, пренесува Курир.

За состојбата на девојката се уште не се знае ништо. Германската полиција изјави дека имињата на загинатите нема да се објават додека не бидат информирани нивните семејства.

Косовската амбасадорка во САД, Фљора Читаку на својот твитер профил ноќеска по полноќ објави дека косовските медиуми објавуваат дека меѓу жртвите е и Албанец од Македонија.