Гостување и нова претстава на Битолскиот народен театар

0
353

Битолскиот народен театар на 28-ми септември, заминува за Израел каде ќе гостува со претставата Среќен крај во режија на Благој Мицевски.
Во Израел ќе имаат три изведби на претставата по текст на Идо Нетанјаху.
Во меѓувреме се подготвува нова претстава со наслов Елка кај Иванови во режија во режија Ѕвезда Ангеловска.
Во истата играат 12 актери.
Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски, музиката на Марјан Неќак.
Премиерата се очекува во средината на месец ноември.
Инаку ова е трет проект на Ангеловска во Битолскиот народен театар.

Без коментари

LEAVE A REPLY