Гостување на симфониски оркестар од САД викендов во Битола

0
409

Оваа година од страна на Центарот за култура Битола, се подготвени голем број на позитивни изненадувања, не само за битолската публика туку и за интернационалната која секоја година ја има во се поголем број, посебно на големите фестивали, кои се одржуваат во Битола.
Во 2016, акцент ќе биде ставен на музичко сценската дејност.
За почеток на концертната сезона, Центарот за култура во соработка со универзитетот Св. Климент Охридски- Битола, организира концерт на Симфонискиот oркестар од Густав Адолф колеџот од САД.
По повод 1100 годишнината од смртта на големиот светец  Климент Охирдски, се организирани повеќе настани во негова чест.
Концертот ќе се одржи  на 30 -ти јануари, во големата сала на центарот за култура со почеток од 20 часот.