Говорот на Трамп е како кучешко лаење

0
144

Министерот за надворешни работи на Северна Кореја Ри Јонг Хо рекол дека обраќањето на американскиот претседател Доналд Трамп во Обединетите нации (ОН) „звучи како кучешко лаење“, реагирајќи на неговите зборови дека САД ќе бидат присилени целосно да ја уништат Северна Кореја.

„Постои изрека „Кучињата лаат-карванот си врви“, им изјавил Ри на новинарите пред хотелот кој се наоѓа во близина на седиштетот на ОН.

„Доколку (Трамп) мислеше дека ќе не изненади со кучеки лавеж, јасно е дека сонува“, дополнил севернокорејскиот министер за надворешни работи.

Запрашан да го каже своето мислење што Трамп го нарекол лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун „ракет мен“, Ри се пошегувал и рекол дека ги жали неговите соработници.

Ри треба во петок да одржи говор пред генералното собрание на ОН. Неговиот коментар е првата официјална реакција по говорот на Трамп во ОН, во кој го испрати досега најсериозното предупредување до Пјонгјанг и побара од земјите членки на ОН заеднички да работат на изолација на режимот на Ким, се додека земјата не престане да се однесува непријателски.

www.makfax.com.mk

Без коментари