ГП Ники кај Меџитлија ќе биде затворен до утре до 8 часот

0
1097

Според информации од терен поради штрајк на грчките цариници, граничните премини со Македонија ќе бидат затворени до 23-ти месецов.

Граничниот премин Евзони е затворен од 6 часот на 20-ти мај и ќе биде затворен до 6 часот на 23-ти месецов (понеделник). Пропуштања на возила ќе има по 15 минути после секои два часа прекин.

Граничниот премин Ники кај Меџитлија е затворен од 7:30 на 20-ти мај до 8 часот наутро на 23-ти. Овој граничен премин може да се помине само пеш, сообраќајот за сите видови на возила ќе биде во прекин.

И граничниот премин кај Стар Дојран ќе биде затворен до 6 часот наутро на 23-ти. Возила ќе се пропуштаат во исклучителни ситуации, а границата ќе може да се мине само пеш.