Грабнати двајца службеници од српската амбасада во Либија

0
1978

Српското министерство за надворешни работи потврди во неделата вечерта дека во Либија се киднапирани двајца службеници на амбасадата на Србија во оваа земја.

Според соопштението, станува збор за Слаѓана Станковиќ задолжена за комуникации и возачот Јовица Степиќ, кои биле грабнати во неделата претпладнето во градот Сабрати.

Белградските електронски медиуми претходно објавија дека двајцата службеници во дипломатската мисија биле грабнати во градот Сирт, упориштето на соборениот и ликвидиран либиски челник Моамер ел-Гадафи, кој по револуцијата од 2013 година беше под контрола на исламистичките поранешни бунтовнички милиции, а од јуни 2015 година по крвави борби го зазема џихадистичката Исламска држава.

Сирт се наоѓа меѓу Триполи и Бенгази, каде што се седиштата на двата парламента и двете влади кои во моментов ги има Либија, на исламистите и на либералните сили кои  ја имаат поддршката на меѓународната заедница.

Првиот вицепремиер на српската влада и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, разговарал за грабнувањето со линискиот колега Мохамед Имхамид Абдилазис. „Министерството прави сé, во комплицираната ситуација на теренот, да обезбеди повеќе информации и безбедност враќање на нашите државјани“, се наведува во соопштението од српското министерство за надворешни работи./крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY