Градежно чудо меѓу Саудиска Арабија и Египет

0
737

Саудискиот крал Салман соопшти денеска дека ќе се гради мост преку Црвеното Море, кој ќе ги поврзува Саудиска Арабија и Египет.

Станува збор за прва директна копнена врска меѓу двете земји, кои сега се соседи преку Црвеното Море на кое и двете излегуваат.

Откривањето детали за овој голем градежен зафат уследи на вториот ден од посетата на саудискиот крал на Египет и неговите разговори со својот домаќин, египетскиот претседател Абдул Фатах ал Сиси.

Според кралот Салман, мостот треба да помогне за поттикнување на трговските врски меѓу двете земји.

Без коментари

LEAVE A REPLY