Градоначалникот на Новаци во посета на Австралија

0
407

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски веќе една недела е во Австралија во посета на нашите иселеници кои потекнуваат од овие краеви. Покрај посетата на општина Вителси, Котевски оствари средба со градоначалникот на општина Данденонг, западен Мелбурн, Хенг Танк и советниците Џим Мемети и Роуз Блејдс.
„ Ја посетивме и општина Данденонг од Мелбурн, градоначалникот и двајца од советниците во Советот на оваа општина. Џим Мемети кој сега е советник беше градоначалник и со него веќе имавме воспоставено одлична соработка. Неговата општина ме имаше прогласено за почесен граѓанин а кога тој беше во посета на општина Новаци јас го направив истото. Мојата сегашна посета на оваа општина е всушност само продолжение на одличната соработка и воспоставување контакти со новиот градоначалник.“  рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.