Градоначалникот на Загреб повторно обвинет за корупција

0
417

Хрватската Канцеларија за борба против корупција и организиран криминал (УСКОК) подигна обвинение против градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ и уште 15 лица.

Главно се обвинети високи функционери на Градската управа и Загрепскиот холдинг, како и две трговски претпријатија, кои се товарат за повеќе корупциски кривични дела.

Бандиќ, кој е градоначалник на Загреб повеќе од 12 години, во обвинението за случајот „Аграм“ е наведен како врска на сите останати, а вкупната штета за градот и државниот буџет се проценува на околу три милиони евра.

УСКОК на својата интернет страница објави дека го товари Бандиќ и останатите осомничени за кривични дела злоупотреба на функцијата и овластувањата, тргување со влијание, затајување данок или царина, спречување докази, фалсификување на службени или работни документи и поттикнување за давање лажен исказ.

Без коментари

LEAVE A REPLY