Градоначалникот празнично кај муфтијата

0
1555

Градоначалникот денес во посета на битолскиот муфтија. Повод беше муслиманскиот празник Курбан Бајрам. Битолскиот муфтија вели дека Курбан Бајрам е еден од најголемите муслимански празници.

-Курбан Бајрам претставува момент кога се надминуваат разликите меѓу луѓето, кога сите раскарани се зближуваат, вели Плуми Велиу, муфтија.muftija

Градоначалникот им го честиташе празникот на сите сограѓани од исламска вероисповест.

-Многу е значајно ова што го правиме, пример како треба да се почитуваат луѓето, рече д-р Владимир Талески, градоначалник на Битола.taleski

Како што е и редот, гостите беа пречекани со баклава.