Градската мода на албанската жена во конзулскиот период на Битола

0
657

Конзулскиот период во Битола, е од големо значење за градот пред се заради тоа, што во овој пер­и­од Би­то­ла до­стиг­ну­ва нај­ви­сок еко­ном­ски, по­ли­тич­ки, па и кул­ту­рен прос­пе­ри­тет.

По повод 22 Ноември – Денот на Албанската Азбука во Битола , невладиното здружение “ 22 Нентори “ за промоција на албанската култура, во музејот на албанска азбука, ја презентираше изложбата Градската мода на албанската жена во Конзулскиот период на Битола.
Во рамките на овој ден беше организирана и јавната трибина со наслов ” Животот и делото на сестрите Ќириази “
– Историскиот конгрес во конзулска Битола, на кој се поставени темелите на албанската азбука, според бројот и важноста на учесниците, е најзначајниот интелектуален и културен настан за албанскиот народ во почетокот на 20-тиот век. Од тој конгрес албанските мислители испратија суштински пораки, кои со својата актуелност и денеска упатуваат на исклучителното значење на соживотот на Балканот, на космополитизмот, на разбирањето и меѓусебното почитување.