Градскиот Потрчко во Битола

0
6265

Да добро слушнавте, ова е битолскиот градски Потрчко кој веќе скоро два месеци  со моторчето под себе врши испорака и достава до вашиот дом на секаков вид на услуги. Набавка и испорака на намирници, брза храна, скара, пица, бурек, сендвич, набавка од пазар или од маркет,плаќање сметки , буквално што да ви падне напамет а за кое вие од икс причини немате време да го направите. Ви преостанува само да го повикате е-градскиот потрчко тој да ги заврши работите место вас . Од каде идеата?
-Идеата дојде сама по себе, да започнам бизнис. Граѓаните имаат потреба од вакви работи, од ваков вид на помош. Постојат постари лица кои имаат потреба од помош, постојат мајки кои имаат малечки деца кои не можат да ги завршат своите задачи, затоа постоиме ние да ја завршиме нивната работа, изјави Ничо Петровски, е-градски Потрчко

Колку е баран од битолчани, и колку наплаќа за услугата?

-Најмногу не бараат за достава за брза храна, а за услугата наплаќаме во зависност од локацијата. Доколку пазариме од маркет наплаќаме 10% од фискалната сметка и плус превозот, додава Петровски

Градскиот Потрчко не е сам, работи со уште двајца колеги, и освен моторчињата имаат и малечко комбе кое што го користат, како што вели Ничо, за селидба. е-градски Потрчко и SOS DRIVER можат вас и вашиот автомобил да ви го вратат дома доколку имате конумирано алхохол бидејќи работат од 9 до 1 часот по полноќ.

-Работиме во зони. Моментално имаме три зони. Првата е до 1 километар, втората е низ Централното градско подрачје, а третата во Брусничка Населба, Лавчанска Населба и Оризари, додава Петровски

Поради големиот интерес кој што го покажале битолчани за градскиот Потрчко во овие изминати два месеца, Петровски планира во летниот период да работи 24/7 и надвор од Битола.