Граѓаните на членките на НАТО против оружје за Украина и одбрана на сојузниците

0
227

Повеќето граѓани на осум земји членки на НАТО се противат на испраќањето оружје на Украина во борбата против рускојазичните бунтовници во источните региони иако ја сметаат Русија за најодговорна за овој судир, покажуваат резултатите од анкетата објавена во средата.

Според резултатите од големото истражување на јавното мнение што го спровел американскиот институт Pew Research Center, повеќето испитаници во Франција, Германија и Италија, сметаат исто така, дека НАТО не би смеел да прибегне кон употребна на воена сили дури и доколку Русија нападне некоја друга земја членка на Алијансата.

„Јавните мненија кај главните нации во НАТО ја обвинуваат Русија за актуелниот судир во Украина. Многумина, исто така, сметаат дека Русија претставува воена закана за соседните земји. Меѓутоа, малубројни се оние што поддржуваа испраќање оружје за Украина“, заклучуваат во институтот Pew.

Само 41 отсто од испитаниците во осум земји на НАТО, САД, Канада, Италија, Франција, Велика Британија, Германија, Шпанија и Полска, се наклонети на тоа Алијансата да ѝ испорача на Украина смртоносно оружје. Наспроти тоа, 70 отсто од граѓаните на овие осум земји се наклонети на давање економска помош на Западот за властите во Киев.

Резултатите според земјите покажуваат дека 50 отсто од Полјаците поддржуваат испраќање одбранбена воена опрема за Украина. Но истото мислење го имаат само 19 отсто Холанѓани и 22 отсто Италијанци. Во Франција, пак, 40 отсто од граѓаните се за вооружување на Киев. Стапката достигнува до 46 отсто во САД.

„Во случај на евентуална ескалација, земјите членки на НАТО се колебливо во врска со нивото вмешување, особено военото. Многу од сојузничките земји не се наклонети на примената на членот 5 од договорот за НАТО, кој бара земјите членки да ги браната сојузниците, ако е потребно и со вооружена сила“, во случајов при евентуален напад од Русија, заклучуваат натаму во Pew.

Во споменатите осум земји членки на НАТО, 48 отсто од испитаниците се за примена на овој член, додека 42 се против. Во Франција и Италија, против се 53, односно 51 отсто. Најмногу приврзаници за примената на членот 5 има во САД, и тоа 56 отсто, а најмалку во Германија – 38 отсто.

Покрај поголемиот дел од опширната студија спроведена во осумте земји членки на НАТО, уште две поглавја го испитуваат јавното мнение во Украина и во Русија. Анкетата е спроведена во овие десет земји телефонски или лично меѓу 11.116 полнолетни лица в о периодот од 6-ти април до 15-ти мај, истакнуваат од иснтитутот./крај/мф/сн

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax