Граѓаните со поплаки за белата техника и мобилните телефони

0
630

Над 200 граѓани мината година се јавиле во Организацијата на Потрошувачи во Битола а 66 од нив се однесуваат на проблеми во остварување на правата од гаранцијата и гарантниот лист на техничките производи. Од ОПМ информираат дека голем број од поплаките на потрошувачите бил проблемот со сервисирањето на овие апарати

snezana
-Во согласност со Законот за заштита на потрошувачи, може да се сервисира најмногу трипати и доколку се расипе четврти пат тие имаат право да бараат нов производ или поврат на средствата , изјави Снежана Димитровска ОПМ-Битола
Појаснуваат дека сервисирањето на производот може да трае најмногу 30 дена и дека доколку не се сервисира во тој период, потрошувачите имаат право да бараат нов производ или поврат на средствата.

Точно 22 поплаки од граѓани за минатата година имало и за мобилни телефони, додава Димитровска

За да не бидат изманипулирани граѓаните, од ОПМ имаат изработено брошури со цел граѓаните да бидат информирани за своите права при купување на одредени производи

Без коментари

LEAVE A REPLY