Граѓаните во рекорден минус на сметките

0
583

Голем број граѓаните кои имаат екстра трошоци, а платите не им ги покриваат, често посегнуваат по минусот на картичките, иако подлежат на камати. Банките најчесто одобруваат минус до едно до две плати, а го сметатт како еден вид краткорочен ненаменски кредит.

Последните податоци пак велат дека во период од шест месеци, минусното салдо на тековните сметки, создадено од пречекорување на платите достигна 96,2 милиони евра.

Граѓаните сè почесто посегнувале по минусот на картичките, главно поради малите плати и зголемените трошоци. Па така за една година, минусното салдо се зголемило за 4,7 осто.

Овој начин на финансирање ним им е наједноставен, но истовремено и најскап. За пречекорувањето на салдото, просечната камата во јуни изнесуваше 11,3 отсто.

За ваквото задолжување банките не се обезбедени со хипотека, ниту со жиранти. Но, во борбата да привлечат што повеќе клиенти, банките најчесто дозволуваат пречекорување на два редовни приливи од плата или пензија.

Во контекст на платите пак, неодамна медиумите од регионот објавија дека просечните плати во државите од поранешна Југославија се највисоки во Словенија, а најниски во Македонија, анализа направена врз основа на најновите статистички податоци. Според Словенечкиот завод за статистика просечната плата во мај изнесувала 1.008 евра, што е значително повеќе во споредба со другите држави од регионот. На дното од листата се наоѓаат Србија и Македонија, каде просечните плати се нешто над 350 евра. Републичкиот завод за статистика на Србија објави дека просечната заработувачката во мај била 366 евра. Додека според податоците на Заводот за статистика на Македонија, просечната нето плата изнесувала во мај 355 евра.